tetovo prmo

Промоција на изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“

Државниот архив активно придонесува кон откривање нови факти за историјата на Македонија и македонскиот народ.

Денес, во просториите на Музејот на тетовскиот крај во Тетово, беше промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“, од авторите доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, во издание на Државниот архив.

Промоцијата ја отвори директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, истакнувајќи ја важноста на научните истражувања засновани врз автентичен архивски материјал.

На настанот беше нагласено дека изданието открива богат архивски фонд кој ќе послужи за понатамошни истражувања во областа на лингвистиката и литературната историја.

Државниот архив останува посветен на научната вистина и на афирмацијата на архивското наследство како темел на историската наука.

Најнови објави

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите

Дознај повеќе...