Biljana Krstevska

tanec1 1

Архивот и „Танец“ со заедничка мисија за афирмација на македонската традиција

Денес, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески и директорката на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Весна Митевска, остварија средба на која потпишаа Договор за соработка. Со овој договор се воспоставува соработка во насока на зачувување, промоција и афирмација на културното и историското наследство на Македонија, организирање заеднички настани и активности, со […]

Архивот и „Танец“ со заедничка мисија за афирмација на македонската традиција Read More »

WhatsApp Image 2026 03 09 at 14.58.11

Министерката Јаневска го посети Државниот архив – поголема соработка за поквалитетни учебници по историја

Во Државниот архив на Македонија денес се одржа работна средба помеѓу министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, заменичката директор на Архивот, Тренделина Деари, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, шефот на катедрата по историја при Филозофскиот факултет, проф. д-р

Министерката Јаневска го посети Државниот архив – поголема соработка за поквалитетни учебници по историја Read More »

269976176 231870389104538 1448493345554392498 n

Повик за доставување текстови за списанието „Македонски архивист“ бр. 39-40

Државниот архив објавува повик за доставување текстови (прилози) за новиот двоброј на меѓународното научно списание „Македонски архивист“ бр. 39-40 во кое се објавуваат трудови од архивската теорија и практика, теорија и методика на проучување и користење на пишани историски извори (документи), трудови од архивска едукација, претставување на архивски фондови од Државниот архив и други архиви,

Повик за доставување текстови за списанието „Македонски архивист“ бр. 39-40 Read More »

konzervacija

„Како документите добиваат нов живот: репортажа од Државниот архив“

Сител телевизија и нивната утринска програма „Ја сакам Македонија“ изработија прекрасна репортажа за Државниот архив, посветена на тоа како се реставрираат и конзервираат старите документи – нашето најдраго културно наследство. Нашите колеги Марјан и Тулај со огромна посветеност го објаснија целиот процес: од првичната проценка на оштетувањето, преку внимателното чистење и стабилизација, па сè до

„Како документите добиваат нов живот: репортажа од Државниот архив“ Read More »

Борис Трајковски и генералниот секретар на ОН Кофи Анан 2003

Сеќавање на претседателот Борис Трајковски, чувано во архивската меморија на државата

По повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, Државниот архив со почит се потсетува на неговото државничко дело и придонес во развојот на Македонија. Во Архивот се чува фондот од Кабинетот на претседателот Трајковски, како трајно сведоштво за неговата работа, визија и посветеност кон државата и нејзините граѓани. Државниот архив е чувар на 148

Сеќавање на претседателот Борис Трајковски, чувано во архивската меморија на државата Read More »

tetovo prmo

Промоција на изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“

Државниот архив активно придонесува кон откривање нови факти за историјата на Македонија и македонскиот народ. Денес, во просториите на Музејот на тетовскиот крај во Тетово, беше промовирано изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“, од авторите доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, во издание на Државниот архив.

Промоција на изданието „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев – историја на една мистификација“ Read More »

goce1111

Стојановски: Архивскиот материјал во Битола е на безбедно и на сигурно

Во интервју за ТВ Тера Битола, раководителот на Подрачното одделение Битола, Гоце Стојановски, посочува дека архивскиот материјал во подрачното одделние е на безбедно и на сигурно. „Она што во медиумите е пласирано дека архивскиот материјал во Битола е загрозен поради тоа што протекува од крововите, апсолутно не е точно. Архивскиот материјал тука е безбеден и

Стојановски: Архивскиот материјал во Битола е на безбедно и на сигурно Read More »

сител

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, гостин во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител

Богески: Ги увидовме проблемите во Архивот, тргнуваме со силни чекори напред Во вчерашното издание на Дневникот на Сител ТВ, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, гостуваше во „Тема на денот“, каде зборуваше за работата и дејноста на институцијата. Тој посочи дека во изминатите десет години нивото на работа било намалено, главно поради тоа што

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, гостин во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Read More »

Arhiv e1770966537474

Архивот во ново светло – доверба, развој и иднина

Целите на новото раководство на Државниот архив на Македонија, предводено од директорот м-р Димитар Богески, се отвореност и транспарентност уште од првиот ден на мандатот. Во првите три месеци беа реализирани низа значајни активности кои ја зацврстија институцијата, и го поставија темелот за долгорочен развој. Овие чекори не само што обезбедуваат подобри услови за вработените

Архивот во ново светло – доверба, развој и иднина Read More »

web strana

Личен фонд на истакнатиот урбанист и архитект Љубе Пота примен во државниот архив

Вчера, во Државниот архив беше примен личниот фонд на Љубе Пота, истакнат урбанист и архитект од Скопје, кој остави траен белег во македонскиот и светскиот урбанизам. Фондот е преземен од неговиот син Владимир Пота, архитект од Скопје, и претставува исклучително богат архивски материјал што ја отсликува неговата повеќедецениска професионална дејност. Љубе Пота активно учествувал во

Личен фонд на истакнатиот урбанист и архитект Љубе Пота примен во државниот архив Read More »