ПРОФ. Д-Р НАТАША КОТЛАР-ТРАЈКОВА ПРОМОВИРАШЕ ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА НУУБ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
На 17 септември 2025 година, во Битола, во присуство на многубројни претставници од културниот, научно-образовниот и јавниот живот на градот, се одржа промоција на Монографијата посветена на осумдесетгодишнината од постоењето на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Промотор на монографијата беше проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, актуелен директор на Државниот архив на РС […]









