Screenshot_4-8-2026_10441_www.vecer.press

Богески за Вечер : Архивот ја чува шифрираната азбука и писмата на Гоце Делчев

Директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, во интервју за ВЕЧЕР вели оваа институција во своите фондови чува исклучително вредни оригинални документи поврзани со животот и со револуционерната дејност на Гоце Делчев (Ѓорѓи Николов Делчев).

Screenshot 4 8 2026 95556 www.vecer .press

– Меѓу нив особено место зазема и шифрираната азбука што ја користел во комуникацијата со револуционерните чети. Овој документ претставува сведоштво за начинот на кој била организирана комуникацијата во рамките на македонското револуционерно движење, особено во делот на снабдувањето со оружје, движењето низ населените места и координацијата на активностите на терен. Со употребата на оваа шифрирана азбука, се обезбедувала тајноста на пораките, што укажува на високото ниво на организациска дисциплина и стратешко размислување на револуционерната организација – наведува Богески во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Тој додава дека покрај шифрираната азбука, Државниот архив поседува и 43 оригинални писма на Гоце Делчев (Ѓорѓи Николов Делчев) упатени до негови блиски соработници и револуционерни дејци, меѓу кои началниците на задграничните пунктови, Никола Зографов, Никола Малешевски, Марко Секулички и други.

Screenshot 4 8 2026 10441 www.vecer .press 1

– Во овие писма се содржани значајни податоци за делувањето на движењето, каналите за пренос на оружје и на литература, како и за координацијата со задграничните претставништва. Овие документи се донесени во Македонија заедно со моштите на Гоце Делчев и подоцна се предадени на чување во Државниот архив од страна на Илинденската организација. Тие денес претставуваат трајно сведоштво за еден значаен период од нашата историја и за личноста на Гоце Делчев како идеолог, организатор и визионер на македонското револуционерно дело. Нашата задача како Архив е овие документи да ги чуваме, публикуваме, заштитиме и да ги направиме достапни за научната јавност и за идните генерации, бидејќи тие се дел од историската меморија на нашиот народ – нагласува Богески.

Најнови објави