Marko Markovic

UDBAlogo

Промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ во Струмица

На 12.10.2016 година, во 12 часот, во домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, Државниот архив на РМ ќе ја промовира едицијата „Црните страници на УДБА“. Ќе говорат Д-р Филип Петровски, и дел од уредниците на едицијата.

Промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ во Струмица Read More »

UDBAlogo

Промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“, на 3 октомври 2016 година, во Музејот на македонската борба во Скопје

Малку денови имаат вакво значење во животот на еден човек како овој денешниот. Ве молам да не ми забележите за возбудата затоа што ми е тешко истата да ја совладам. Ме заплиснува чувството на средба со македонската историја ВО ВЕЧНОСТА и стремеж за слобода и сопствена држава КОЈ ГОРИ ОДСЕКОГАШ. Стремеж скапо платен. Стремеж до

Промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“, на 3 октомври 2016 година, во Музејот на македонската борба во Скопје Read More »

logoSeul

Конгрес на Меѓународниот архивски совет (Сеул, Република Кореја (Јужна Кореја) – 5 до 10 септември 2016 година)

Во периодот од 5 до 10 септември 2016 година, во Сеул – Јужна Кореја се одржа Конгрес на Меѓународниот архивски совет, кои се одржува на секој четири години. Државниот архив на Република Македонија на овој Конгрес беше претставуван од директорот, д-р Филип Петровски, кој од мај оваа година е член на новиот Извршен одбор на

Конгрес на Меѓународниот архивски совет (Сеул, Република Кореја (Јужна Кореја) – 5 до 10 септември 2016 година) Read More »

logo25god

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

Изложбата која ја подготви Државниот архив на Република Македонија по повод 25 годишниот јубилеј од независноста на нашата Татковина, од 5 септември 2016 година, ќе биде поставена во холот на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Работното време на Музејот е од 10

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А Read More »

logo25god

25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 8 септември 1991 година, мнозинството од населението во Македонија излезе да гласа и преку референдум се изјасни за својата иднина. Чекор, со кој македонскиот народ конечно ја зема во раце сопствената судбина и започна да гради самостојна, независна и суверена држава. Изминаа 25 години од тој ден, кој воедно значеше остварување на вековна заложба

25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Read More »

logo25god

Известување за отворање на изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија

Државниот архив на Република Македонија на 3 септември 2016 (сабота), во 12 часот, ќе промовира изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија, на Плоштадот Македонија. Изложбата со наслов „25 години независна Република Македонија“ ја сочинуваат 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој

Известување за отворање на изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија Read More »

NOVOto LOGO

ПОВИК за објавување трудови во „Македонски архивист” – списание на Државниот архив на Република Македонија

Државниот архив на Република Македонија ги почна подготовките за издавање на новиот број на списанието „Македонски архивист”, кое опфаќа теми од областа на архивистиката и историјата. Рокот за поднесување стручни трудови за списанието е 30 септември 2016 година, а годинешниот број на „Македонски архивист“ ќе излезе до крајот на 2016 година. Трудот што се поднесува

ПОВИК за објавување трудови во „Македонски архивист” – списание на Државниот архив на Република Македонија Read More »

NOVOto LOGO

Информација за изложба по повод националните празници 2 Август и 8 Септември

Државниот архив на Република Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста на РМ подготвува изложба со која ќе се одбележи 25-годишниот јубилеј и ќе се презентираат значајни документи и фотографии што се чуваат во нашето депо. За да ја доближиме изложбата до граѓаните и до сите заинтересирани, во соработка со Македонски железници транспорт

Информација за изложба по повод националните празници 2 Август и 8 Септември Read More »

TA1923

ОБЈАВЕНА БРОШУРАТА „ДОКУМЕНТИ ИСПРАТЕНИ ОД ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ДО СССР (декември 1923 година)“

Државниот архив на РМ ја збогати својата издавачка дејност со неколку значајни документи за државноста на Македонија токму во пресрет на 25-годишнината од независноста на Република Македонија. Новата брошура на Државниот архив на РМ претставува прво објавување на целината документи од Тодор Александров до СССР, кои претставуваат платформа за идните преговори меѓу ВМРО и СССР.

ОБЈАВЕНА БРОШУРАТА „ДОКУМЕНТИ ИСПРАТЕНИ ОД ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ДО СССР (декември 1923 година)“ Read More »

NOVOto LOGO

Д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија во посета на Генералната дирекција на Архивите на Албанија во Тирана

На 30 јуни 2016 година, д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, оствари посета на Генералната дирекција на Архивите на Албанија во Тирана. Оваа посета се реализираше врз основа на претходно упатена покана од страна на г-дин Гјет Ндој, директор на Генералната дирекција на Архивите на Албанија, а во рамките на договорот

Д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија во посета на Генералната дирекција на Архивите на Албанија во Тирана Read More »