Честит Велигден!
Државниот архив им го честита големиот верски празник Велигден на сите православни христијани, со срдечни желби за добро здравје, среќа и благосостојба. Духот на Велигден нека ве води кон нови почетоци и нови можности.
Државниот архив им го честита големиот верски празник Велигден на сите православни христијани, со срдечни желби за добро здравје, среќа и благосостојба. Духот на Велигден нека ве води кон нови почетоци и нови можности.
Државниот архив на Република Северна Македонија на граѓаните припадници на ромската заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите – ден посветен на традицијата, историјата и културата на Ромите и подигање на свеста за унапредување на правата и слободите на припадниците на ромската заедница, со цел подобрување на социјалната и економска интеграција во сите општествени
8 април – Меѓународен ден на Ромите Read More »
Државниот архив ја афирмира институционалната меморија и ја иницира меѓуинституционалната соработка во одбележувањето на јубилеи од настани втемелени во нашата државност. Оваа година се навршуваат 30 години од членството на нашата држава во Обединетите нации, при што Државниот архив го реализира проектот изложба „30 години членство во ОН“ во партнерство со Министерството за надворешни работи
Отворена е изложбата „30 години членство во ОН“ – иницијатива на Државниот архив Read More »
Државниот архив преку спроведување Програма за архивска едукација продолжува да дава придонес кон развивањето интерес на учениците за историјата и архивистиката. И во текот на второто полугодие од учебната година, едукаторите од Државниот архив во соработка со основни и средни училишта ја афирмираат професијата на архивистите. Денес во посета на Архивот беа ученици од
Архивистиката како идна професија на учениците – приоритет на Државниот архив Read More »
Патувачката изложба „Македонија памети – никогаш да не се заборави“, која раскажува за депортацијата на македонските Евреи пред 80 години, на иницијатива на Државниот архив од вчера е поставена во градот Штип. Во уметничката галерија „Безистен“, пред присутните граѓани и почитувачи на историското минато изложбата беше промовирана од авторите: д-р Јасмина Дамјановска од Државниот
Отворена изложбата „Македонија памети – никогаш да не се заборави“ во Штип Read More »
Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и директорката на Архивот на Босна и Херцеговина, д-р Данијела Мрда, во Охрид потпишаа Договор за соработка, со кој идните заеднички активности, не само што добиваат правна рамка, туку се очекува тие да се интензивираат и да добијат нов квалитет.
Потпишан договор за соработка со архивот на Босна и Херцеговина Read More »
Државниот архив претставува значајна научно-историска и културна институција, која во изминатите 72 години е витален склад на историски записи и документи што даваат увид во минатото на земјава. На 23 јануари 1950 година е донесен првиот Општ закон за државните архиви во Југославија, а потоа, на 6 јануари 1951 година, Народното собрание на НР Македонија
1 април – Ден на архивите и на архивистите Read More »
Директорите на Државните архиви на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и на Архивот на Југославија, д-р Бојан Цвелфар, д-р Динко Чутура, д-р Данијела Мрда, д-р Емил Крстески и д-р Милан Терзиќ, одржаа работен состанок во Скопје на кој се разгледаа заклучоците од претходниот состанок во Белград и резултатите што досега се постигнати. Главен
СУКЦЕСИЈАТА – ЗНАЧАЈНА ЗА НАШАТА ИСТОРИЈА Read More »
Државниот архив објавува Повик за доставување текстови за списанието „Македонски архивист“ бр. 33-34 кое е запишано во Меѓународната база на податоци и има меѓународен редакциски одбор. Ги покануваме истражувачите, авторите да ни испратат текстови (трудови од архивска теорија и практика, теорија и методика на проучување и користење историски извори, критички анализи на документи, научно-популарни статии,
Повик за доставување текстови за списанието „Македонски архивист“ Read More »
Државниот архив игра важна улога во зачувувањето на историските записи и нивно ставање на располагање на истражувачите, на научните работници и на пошироката јавност како и во едукација на ученици и студенти од средните училишта и од факултетите. На 24 март 2023 (петок) учениците од прва и втора година од средното училиште „Јосип Броз Тито“,
Архивска работилница со ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје Read More »