Emblem_of_The_Archives_of_Federation_of_Bosnia_and_Herzegovina

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АРХИВОТ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во рамките на традиционално добрата меѓудржавна соработка е дадена иницијатива за воспоставување соработка помеѓу нашиот Државен архив и Архивот на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Како резултат на споменатата иницијатива и желбата на двете страни за добра меѓуархивска соработка, проф. д-р Адамир Јерковиќ, директор на Архивот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на 28 ноември 2019 година го посети нашиот Државен архив и оствари средба со директорот д-р Емил Крстески.

На средбата беше даден предлог за потпишување меморандум за соработка помеѓу двете архивски институции и е договорено д-р Емил Крстески да го посети Сараево и притоа да биде отворена изложба за историјата на македонскиот народ низ архивските документи. Д-р Емил Крстески го прифати предлогот на д-р Јерковиќ по повод 25-годишнината од масакрот во Сребреница, во јули 2020 година во Скопје да се организира изложба на Архивот на Босна и Херцеговина во врска со тој настан.

Најнови објави