profilnologoWEB

Поттик за сукцесија на архивскиот материјал

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на 30 септември 2019 година оствари средба со Н.Е. г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, амбасадор на Република Србија во нашата држава, која беше придружувана од конзулот, г-ѓа Александра Џурица.

На средбата се зборуваше за улогата на архивите во современото живеење и за потребите и тенденциите да се интензивира дигитализацијата и компјутеризацијата на архивите.

Д-р Емил Крстески рече дека Државниот архив на Република Северна Македонија има потпишано спогодби и меморандуми за соработка со повеќе архивски институции од Република Србија, а она на што треба заеднички да работиме е реализацијата на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, односно имплементацијата на Анексот Д од таа Спогодба, кој ги регулира прашањата за сукцесија на архивскиот материјал.

Најнови објави