icarus

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА АРХИВИТЕ ВО „ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ“

На Генералното собрание на ИКАРУС, меѓу другото, беше презентирана и предлог-стратегијата за натамошниот развој и активностите на оваа меѓународна архивска организација, со наслов „Агенда 2023“

На 26 и 27 ноември 2020 година се оддржа виртуелна zoom конференција на Генералното собрание на Меѓународниот центар за архивско истражување – ИКАРУС (International centre for archival research – ICARUS). Истовремено со Генералното собрание се одржа и 25-от Состанок на оваа меѓународна асоцијација.

ИКАРУС (www.icar-us.eu) е заедница на над 180 архивски и научни институции од 34 европски земји и од Канада и САД, која што нуди интердисциплинарна платформа за архивските, истражувачките, образовните и културните институции, со посебен акцент врз општествените и технолошките предизвици на архивите во „дигиталното време“.

Државниот архив, на гореспоменатите настани, беше претставен од директорот д-р Емил Крстески, кој имаше можност да гласа во врска со дефинирањето на идната агенда на активности на ИКАРУС.

На Генералното собрание, меѓу другото, беше презентирана предлог-стратегијата за натамошниот развој и активностите на оваа меѓународна архивска организација, под наслов „Агенда 2023“. Во тие рамки се дефинирани главните цели на ИКАРУС, предизвиците со кои оваа организација се соочува во текот на нејзиното работење, а беа претставени и шест работни групи кои ќе работат врз изнаоѓањето нови начини на соработка, вмрежување, професионална поддршка и развој на нови едукативни програми.

На Генералното собрание на ИКАРУС се направи и анализа на програмите и проектите на ниво на Европа, преку кои се финансираат активностите поврзани со културното наследство, а беа презентирани и проектите во кои ИКАРУС е активен учесник или поддржувач, како што се: Time Machine, European Digital Treasures/платформи: Topothek, Monasterium, Matricula и други.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре