Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари работна средба со директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, на која се разговараше за досегашната соработка меѓу Државниот архив и овој Музеј. Притоа, обострано беше констатирано дека досегашната соработка успешно се одвивала и дека постојат добри можности во иднина таа да се прошири, со интензитет што, секако, ќе биде во согласност со владините мерки во врска со пандемијата на Ковид 19.
Директорите на двете институции се договорија во наредниот период, во соработка со Министерството за култура, МАНУ и Институтот за национална историја, да се организираат и неколку изложби на кои ќе бидат презентирани значајни документи и материјали од нашата историја.
(23.09.2020 г.)