arhiv tefter vnatresni.cdr

ПРЕТСТАВЕНИ ДВА ТОМА ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ТЕТОВО И ВО КИЧЕВО

На 2 и 3 март 2021 година, во организација на Државниот архив и фондацијата „Екај“, во Тетово и во Кичево беа промовирани изданијата „Турски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век, Скопски Санџак, Каза Тетово, 1832/33, том 1, книга 1“ и „Турски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век, Скопски Санџак, Каза Кичево, 1832/33, том 1, книга 1“ од авторите проф. д-р Музафер Бислими, доц. д-р Аднан Шериф и м-р Ирфете Ибраими.

Пред присутните, авторите во своите излагања истакнаа дека пописите во Тетовската и Кичевската Каза спроведени од османлиската држава даваат целосни податоци кои ќе им бидат од корист на истражувачите (историчари, демографи, антрополози) и на сите кои се интересираат за локалната историја. Пописите ги прикажуваат бројките на военоспособното население од исламска вероисповед. На тој начин се олеснува составувањето на семејните стебла на околу 8 генерации кои живееле во маалата и селата наведени во двете изданија.

Во рамки на двата настани беше отворена изложбата „200.000 Југословени-иселеници“ од новинарот м-р Муртеза Сулооџа.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...