70god_logo

ДРЖАВНИОТ АРХИВ ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ) на 1 април го слави своето 70 годишно постоење. Свечената академија по повод годишнината од основањето, ќе се одржи на 1 април во НУ „Музеј на македонската борба.“

На настанот обраќање ќе имаат покровителот на настанот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески, додека со видео порака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународен архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за да уште еднаш го потенцираме исклучителното значење на Архивите и на архивските работници, како во нашата земја, така и во целиот свет.

По повод овој јубилеј ќе биде промовирана монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“ во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив, низ најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“. По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на град Скопје.

Најнови објави

Движете нагоре