profilnologoWEB

РАБОТНА ПОСЕТА НА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ ПРОФ. Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ ВО ВЕРСКАТА ЗАЕДНИЦА НА РСМ

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, беше во работна посета на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, каде што беше пречекан од претседателот, реисул улема х.ф.з. Шаќир еф. Фетаи. На средбата присуствуваа и директорот на Секторот на Вакуфот Дритон Дикена, д-р Аднан Шериф, раководител на Секторот за документација, и г. Рамиз Јакупи, раководител на Одделение за стручен надзор и стручна помош кај имателите во Државниот архив.

На оваа средба, реисул улема ги информираше гостите за функционирањето на Исламската верска заедница и за предизвиците со кои се соочува оваа институција. Потоа, страните разговараа за воспоставување соработка меѓу Државниот архив и Исламската верска заедница, која ќе вклучува размена на документација и разни искуства во сите области од значење за двете институции и реализација на заеднички проекти  во иднина.

За време на состанокот, тие му се заблагодарија на претседателот на БФИ за времето и гостопримството, ја пофалија неуморната и плодна работа на реисул улема и му посакаа здравје и многу успеси во водењето на највисоката исламска институција во земјата. Во оваа пригода, заменик- директорот Бислими му подари на реисул улема три тома османлиска документација за историјата на Албанците во Скопје, Тетово и Кичево, објавени од Државниот архив во последниве години на албански и македонски јазик.

Во оваа пригода реисот Шаќир еф. Фетаи, исто така, им додели најнови публикации од Исламската верска заедница.

Најнови објави