241818585_571195704236688_2695623721151517397_n

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „ПЕЧАТ НА ВРЕМЕТО – 70 ГОДИНИ ДРЖАВЕН АРХИВ (1951 – 2021)“

На Саемот на книгата во Скопје денеска беше промовирана монографијата ,,Печат на времето – 70 години Државен архив (1951 – 2021)”, во издание на оваа институција, за која зборуваа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и д-р Бранислав Светозаревиќ, кој заедно со д-р Јасмина Дамјановска се носители на овој проект, во чија подготовка и реализација учествуваше стручна екипа на Архивот. ,,За да се остави трага за нашето постоење, за нашата работа, за да ја поткрепиме културата на помнењето и да му се спротивставиме на заборавот, на патот по кој одиме сите ние треба да оставиме белези, траги, знаци, пишан збор, документ, сведоштво на значајни нешта што биле и што се. Токму оваа монографија е таков документ, кој дава пресек за значењето на Државниот архив, кој во иднина ќе биде солидна основа за надополнување со нови документи и историски материјали и со нови историско-научни достигања” – нагласи директорот, д-р Емил Крстески. Тој додаде дека оваа монографија е дел од нашата пишана историја и сведоштво на досегашното функционирање на Државниот архив, кој е наш паметник, чувар на нашето минато, нашата историја и светилник на нашата иднина. Тој изрази и загриженост поради сè помалиот број на студенти на Катедрата по историја и архивистика и на истражувачи за нашата историја. Во своето излагање, д-р Бранимир Светозаревиќ зборуваше за значењето на архивистиката и за успешната работа на деветте одделенија на Државниот архив во земјава, што одвоено се разработени во самата монографија.

241987812 571195830903342 421511163522219711 n
241779367 571195797570012 7676442851941978045 n
241796371 571195757570016 1639532497320772930 n
241818585 571195704236688 2695623721151517397 n
241827263 571195664236692 5345158656229006685 n
241752567 571195597570032 5262549722811443305 n 1 1

Најнови објави