thumbnail

Ин мемориам проф.д-р Атанас Вангелов (1946 – 2021), поранешен директор на Државниот архив

Името на проф. д-р Атанас Вангелов зазема значајно место во културниот и  општествениот живот во нашата држава. Својата научна кариера ја градел како вработен на Филолошкиот факултет во Скопје како редовен професор на кој подоцна ќе ги извршува функциите продекан и декан. Имал можност  да го афирмира македонски јазик во Франција каде што престојувал на студиски престој на парискиот Универзитет. Француската влада го одликувала во 1995 г., за заслуги за ширење на француската култура. Во Радио Скопје работел како новинар, а бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Автор е на повеќе трудови од професијата  за што добил неколку престижни награди на државно ниво. Во одреден период бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и член на Друштвото на писатели на Македонија. Проф. д-р Атанас Вангелов извршувал и политички функции, во 1994 г. бил избран за пратеник во Собранието кога бил и член на Парламентарното собрание на Советот во Стразбур, а во 2004 г. бил назначен за амбасадор во Унгарија.

thumbnail

Во 2021 година ја добива престижната награда „11 Октомври“, највисоко признание од областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности.За директор на Државниот архив бил именуван во ноември 2002 г. и на таа функција останал сѐ до септември 2005 г. Во неговиот мандат Архивот бележи значајни резултати во работата, особено во делот на истражувачката и издавачката дејност при што се залагал за вклученост на архивистичкиот кадар. Неговиот мандат како директор бил одбележан со издавањето на монографијата по повод 60 години од првата македонска Влада, на македонски, англиски и руски јазик. Вработените во Државниот архив ќе го паметат како професионалец и менаџер, кој наметнал високи етички и професионални стандарди во институцијата.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...