Мапа Прилеп

ЕКСКЛУЗИВНО ОТКРИТИЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ АРХИВ: ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОНАЈДЕНА КАРТА НА КОЈА Е ТРАСИРАН ВИА ИГНАЦИЈА

Државниот архив – Одделение Прилеп при тековното работење на ново преземен фонд „Управа за имотно правни работи – Прилеп“, пронајде копија на карта од османлискиот период, која датира од 28.09.1883 година.

Пронајдената карта има големо значење и потврдува историски места и културни обележја за кои зборува историјата. На картата прикажан е имот на чифлиг во с. Крстец од 109 декари во сопственост на Хусрев бег – паша со 2 воденици и Ан, кои ги подарува жители од с. Крстец по законски пат со учество на селскиот совет.   Во четири печати напишани се имињата на членови на селскиот совет: Стојан, Ангеле, Дамјан (Дамјан е името на Претседателот на селото – Мухтар), Ристе, Мира, Наумче, Коле, Петко, Диме и Ачко.

На картата обележани се и два патa кои водат од Прилеп до Велес. Eден пат одбележан е Прилеп преку с. Крстец кон Велес и другиот пат Прилеп преку с. Присад и дервенскиот премин со обележана кула.

 На планинскиот дел обележани се местата Балталак и Конор, манастирите Трескавец и Присадскиот манастир, Дервенските кули и местото по воденици. Најзначајниот запис на картата е исцртан пат кој Прилеп го поврзува со Via Egnatia и на север до Куманово. Овој документ е од големо историско значење, дел од нашето историско минато. Благодарност до Мустафа Алиоски за преводот на текстот кој е вработен во Државниот архив,  во Одделението за средување и обработка на архивски материјал – Османлиски период. 

Повеќе информации во прилогот на Инфо Компас.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...