269786334_633238494699075_8846209075567143692_n

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,,РОМАНСКИ ДИПЛОМАТСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА (1901-1903)” ОД БЛАГОЈ ЗАШОВ

Во Музејот на македонската револуционерна борба денеска беше промовирана книгата ,,Романски дипломатски документи за Македонија (1901-1903)” од амбасадорот Благој Зашов, во издание на Државниот архив. На промоцијата за значењето на овој труд зборуваа: директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, директорот на Институтот за национална историја, д-р Драги Георгиев, министерот советник во Романската амбасада во Скопје, Н.Е. Габриел Никола и самиот автор, Благој Зашов. Модератор на оваа промоција беше претседстелот на Дипломатскиот клуб, амбасадор Виктор Габер. ,,Дипломатската историја е значајна за сите народи и држави бидејќи дава широка перспектива за историските процеси. Таков е и примерот со македонскиот народ, за чии стремежи за национално ослободување и формирање сопствена држава пред и по Илинденското востание, тогашните погледи и известувања на странските дипломати претставуваат круцијален извор од кој историската наука црпи корисни и мошне вредни информации и факти за толкувањето на нашето минато” – истакна, меѓу другото, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

269888416 633238504699074 4803543220744232681 n
269816278 633238438032414 2161045408759364808 n
269794870 633238448032413 2451425528228820969 n
269786334 633238494699075 8846209075567143692 n

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...