278154138_291771473114429_3699977175077638542_n-2

ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СУКЦЕСИЈА СО АРХИВОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА

Директорот на Државниот архив и официјален претставник на нашата Влада во процесот на сукцесија на архивските документи од поранешна Југославија, д-р Емил Крстески, во Белград имаше работна средба и разговор со директорот на Архивот на Југославија, д-р Милан Терзиќ за натамошните активности кои што би придонесле за напредок и забрзување на овој процес. Меѓу другото, беше прифатен предлогот пошироко да се разгледа процесот на дигитализација на целосни фондови и во него да бидат вклучени и другите земји-сукцесори од поранешна СФРЈ, па потоа да се пристапи кон меѓусебна размена, со што за краток временски период би се овозможило да се дојде до многу поголем и значаен материјал.

Во разговорот обострано беше потенцирана потребата од забрзување на процесот на сукцесија на архивскиот материјал од периодот 1945-1991 година што се наоѓа во овој Архив и кој се однесува на Македонија. Директорот на Архивот на Југославија, д-р Милан Терзиќ ја потенцира отвореноста на овој Архив за непречена соработка, а директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески најави скорешна посета на Белград на стручни лица заради преземање на архивскиот материјал во согласност со Договорот за сукцесија. На средбата беше констатирана потребата и од продлабочување на меѓусебната соработка преку размена и презентирање на изложби и на други проекти.

278154138 291771473114429 3699977175077638542 n 2
277756516 291771673114409 2467946195704994104 n 1
277804385 291771646447745 9190225963544944387 n

Најнови објави