Меѓународниот центар за архивско истражување (ИКАРУС) ја одржува својата 28-ма Конвенција во Париз, која започна на 23 мај, а ќе трае до 25 мај 2022 година.ИКАРУС (ICARUS – International Centre for Archival Research) е меѓународна архивска организација во која се вклучени околу 180 институции, кои работат на заштитата на архивските документи, овозможуваат достапност до овие документи и организираат архивистичко образование. Членовите на ИКАРУС се претежно од Европа, но има претставници и од Канада и САД. Темата на оваа Конвенција е “Приватните и јавните архиви во 21-от век”, а претставник на Државниот архив е директорот, д-р Емил Крстески. На оваа Конвенција, со која претседава д-р Томас Аигнер, претседател на ИКАРУС, особено внимание им се посветува на процесите поврзани со архивистиката како дел од историската наука и нејзиниот развој, како и на интеракцијата меѓу јавните и приватните архиви, нивниот правен статус, заштитата на документите и нивната дигитализација. Оваа Конвенција е прва од вкупно две на годишно ниво и за првпат од почетокот на пандемијата со Covid-19 сe одржува со можност за физичко учество на настанот, но истата може да се следи и on-line и сите заинтересирани се добредојдени.
Повеќе информации за Конвенцијата, како и за можноста за нејзино виртуелно следење на линкот:
https://www.icar-us.eu/en/event/icarus-convention-28-in-paris/?instance_id=919
Соработка со Историскиот архив на Европската Унија
Во рамките на 34. Конференција – Меѓународни архивски денови 2024 година, организирана од Меѓународниот институт