logo_nato

ГОДИШЕН СОСТАНОК НА АРХИВСКИОТ КОМИТЕТ НА НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел се одржува годишниот состанок на Архивскиот комитет на НАТО (2 и 3 јуни) на кој учествува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески како полноправен член на овој Комитет од пред една и пол година.

На состанокот се расправа за процедурите за заштита и достапност на оперативните записи во рамките на Алијансата, за нивното чување и значење и на национално ниво, за значењето на стратешките документи поврзани со мировните мисии на НАТО во Авганистан, Ирак и на Балканот (1992-1996), како и за долгорочните вредности на политиките на НАТО.

За предизвиците на архивската дејност и за можноста од поинтензивна соработка, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески разговараше со раководителката на НАТО Секторот за архивистика и информирање, Инеке Десерно, а тој се состана и со нашиот амбасадор на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, д-р Дане Талески.

Nato2022 1
Nato2022 2
Nato2022 3
Nato2022 4
Nato2022 5

Најнови објави