277442116_284291617195748_5163761435754608917_n-1

ПРОДОЛЖУВА СУКЦЕСИЈАТА НА ДОКУМЕНТИ ОД СФРЈ

Во Белград е одржан состанок на директорите на Државните архиви на земјите од поранешна СФРЈ. Претставниците од Словенија, Хрватска, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и на Архивот на Југославија се согласија околу динамиката на преземањето на историските документи од 1945 до 1992 година и на нивна дигитализација.

,,За нас останува отворен Архивот на Југославија и од наша страна е нагласено дека постои интерес за преземање и оригинални документи кои се значајни за Македонија во тој временски период” – изјави директорот д-р Емил Крстески, по средбата во Белград.

Како еден од заклучоците на состанокот, кој е одржан по 11 години застој, е овие средби да бидат почести и процесот на сукцесија на историските документи да се интензивира и да се забрза процесот на нивна дигитализација. Следниот состанок за сукцесија е договорено да се одржи во Охрид, кон крајот на март 2023 година.

310998048 413627410928834 7372721064649165464 n
310838395 413627417595500 2586184080778811324 n
310804546 413627497595492 7062839903587918718 n
310727277 413627467595495 8131658623594684952 n

Најнови објави