312439328_436051818686393_2489587793897317724_n

ИНИЦИРАНА СОРАБОТКА СО АРХИВОТ НА ШПАНИЈА

Во работна посета на Државниот архив денеска беше амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Хосе Луис Лозано Гарсија, кој се сретна со директорот, д-р Емил Крстески.

Двајцата соговорници разговараа за можностите за проширување на соработката на Архивите на двете земји, особено во делот на процесот на дигитализација и за можностите за активна поддршка во таа насока за Државниот архив од страна на Шпанија, земја која во втората половина на 2023 година ќе претседава со Европската унија.

На оваа средба директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески го истакна и нашиот интерес за документи од шпанскиот архив, во кои се споменува Македонија и нејзините учесници во Шпанската граѓанска војна.

312282401 436051758686399 9014158488704036776 n
312439328 436051818686393 2489587793897317724 n
312262498 436051775353064 8669609941645374714 n
313421764 436051805353061 5953238850940248714 n

Најнови објави