1-1

Архивска едукација за ученици од ООУ „Раметула Амети“, oпштина Желино

            Со почетокот на второто полугодие од учебната година, Државниот архив ги отвори вратите за учениците за архивска едукација. Покрај реализацијата на проектот „Учење преку работа“ за ученици од четтврта година од средното насочено образование, Државниот архив реализира едукативни посети на ученици од деветто одделение од основното образование. На 27.1.2023 година (петок) ученици од деветто одделение заедно со предметниот наставник од ООУ „Раметула Амети“ од с. Чифлик, општина Желино, го посетија Државниот архив – централен дел, и се запознаа со неговата дејност вo рамките на програмата по предметот Историја. Учениците имаа можност да се информираат за тоа како се преземаат документите во Архивот, нивното чување, средување и заштита преку конзервација, реставрација и дигитализација.

4

Во рамките на посетата учениците беа запознаени со библиотеката и начинот на користење на книгите при што им беше нагласена важноста на читањето за нивното образование во иднина. Учениците беа примени и од заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими, кој им презентираше некои од поважните функции на Архивот како институција.

5
1 1

Архивските професионалци кои ја реализираат едукацијата имаат приспособени презентации според возраста на учениците. Државниот архив останува отворена институција за соработка со училиштата и универзитетите и со тоа ја потврдува својата општествена одговорност.

3

Најнови објави