20230210_142216

Средношколците од СУГС „Зеф Љуш Марку“ се запознаваат со архивската дејност

Во текот на февруари 2023 г., групи ученици од различни години од СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Скопје, заедно со предметниот професор по историја Насер Мифтари, го посетија Државниот архив – централен дел при што имаа можност да се запознаат со основите на архивистиката и архивската дејност.

На учениците практично им беа презентирани процеси во работата во делот на средување и обработка на архивски материјал, конзервација и реставрација на документи како и дигитализацијата како нов приоритет во заштитата на документите. Во насока на поттикнување на читателската навика, учениците беа информирани за издавачката дејност на Архивот и големиот библиотечен фонд во библиотеката и начинот на неговото користење.

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, ја презентираше улогата и важноста на оваа институција во општеството и изрази надеж дека во понатамошниот кариерен развој учениците ќе ја изберат архивистиката за професија.

Координатор на архивската едукација за ученици од средните училишта е Назмије Куртиш од Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување  архивски материјал.

20230210 142216
20230210 141817 1
20230203 115401
20230203 115131

Најнови објави