279256182_994519014771405_7550482504927248527_n-724x1024

8 Март – меѓународен ден на жената

Mеѓународниот ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување потекнува на инсистирање на социјалистичкото движење во 20 век.  Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.  На 8 март 1913 година жените низ Европа одржуваат мировни собири. Сепак, во ниту една западна земја 8 Март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

Најнови објави