Sekojdnevie Bitola

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

На 12 март 2023 година (недела) во 13:00 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“, подготвена по повод 80-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, од Државниот архив на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја – Скопје.

Изложбата се состои од 19 паноа на кои се прикажани над 200 фотографии и архивски документи од Државниот архив на РСМ и неговите подрачни одделенија во Скопје, Битола и Штип, Националната установа Музеј на Македонија, НУ Завод и музеј Штип, Еврејскиот историски музеј во Белград, Република Србија, и Централниот државен архив во Софија, Република Бугарија.

Најнови објави