IMG-07f554e84f506b4e5d62b4b4c911dded-V

Државниот архив и Институтот за национална историја со нов научен проект

IMG 9c1ac1ad0a65e5cac05a6098f76e459d V

Државниот архив и ЈНУ Институт за национална историја се институции кои остваруваат долгогодишна соработка во делот на научното проучување на националната историја и зачувување на колективната меморија за минатото. Меѓуинституционалните проекти и нови иницијативи спаѓаат во приоритетите на Државниот архив и за таа цел денес беше остварена работна средба меѓу директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески и директорот на Институтот за национална историја, академик Драги Ѓоргиев.

IMG 6179fed0b87b80b283e89a0d506851fc V

            Во рамки на средбата беше потпишан договор од страна на директорите, за реализација на заедничка публикација за историјата на градот Скопје во периодот меѓу двете светски војни, односно за системот на образование во посочениот период. Во изготвување на ова значајно дело, ќе учествуваат научни работници од двете институции при што ќе бидат користени архивски фондови на Државниот архив.

IMG 07f554e84f506b4e5d62b4b4c911dded V

            Д-р Емил Крстески и академик Драги Ѓоргиев дискутираа и за динамиката на остварување други заеднички проекти во интерес на научните достигнувања, на архивската дејност и поблиска соработка меѓу професионалците од двете институции.

Најнови објави