
Денес, 5 септември 2023, навршуваат 26 години од смртта на Мајка Тереза. Гонџа
Бојаџиу, позната како Мајка Тереза, се родила на 26 август 1910 година во Скопје. Во
родниот град живеела до 18-годишна возраст, а потоа се преселила во Ирска и Индија, каде
што го поминала поголемиот дел од животот почувствувајќи го божјиот повик да им помага
на сиромашните. Во текот на својот живот за својата хуманитарна работа стана добитник на
многубројни признанија и има добиено повеќе од 700 награди. Во 1979 година ја добила и
Нобеловата награда за мир. Таа почина во Куќата на милосрдието во Калкута (Индија), на 5
септември 1997 година по неколкугодишна борба со болест на срцето и белите дробови.
Таа зад себе остави неспоредливо наследство од добротворни и хуманитарни организации,
инспирација за грижа на децата, болните и сиромашните луѓе во целиот свет, бидејќи
целиот живот им го посвети на нив.
Генералното собрание на Обединетите нации преку посебна резолуција го прогласи 5
септември, годишнината од смртта на Мајка Тереза, за Меѓународен ден на милосрдието.