385524964_878151096886283_8674218298294209392_n

Архивите говорат за османлиска Македонија-проект „Македонија во османлиските документи“

Македонската и турската јавност во 2024 година ќе бидат запознаени со досега необјавени документи и фотографии од архивските фондови oд државните архиви на двете држави преку богата изложба со наслов „Македонија во османлиските документи“. Културно-историското наследство на османлиска Македонија претставено преку урбаниот живот, модата, образованието, архитектурата и многу други поттеми ќе биде застапено на многубројните паноа за кои се очекува да го привлечат вниманието на почитувачите на историското минато.

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, како претседател на работната група од Државниот архив за спроведување на проектот, ја координира работата на архивските професионалци кои интензивно работат на подготовка на изложбата. Тековно се реализираат истражувачки активности во координација со турските колеги придржувајќи се до роковите.

Овој проект се очекува да ја означи идната година како година на успешна меѓународна соработка на Државниот архив.

385522081 325485213572059 8858571219781011574 n

Најнови објави