На денешен ден, 5 мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни истата година, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, како и со ангажманот и делото на македонскиот деец во стандардизацијата на македонскиот литературен јазик и особено во развојот на граматичарското дело, кој е автор на првата Македонска граматика, Круме Кепески.
Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!
Во депото на Државниот архив се чува оригиналниот документ – Решение за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Решението е донесено на заседанието на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година, потпишано од Методија Андонов-Ченто и Љупчо Арсов.
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал
Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема