Директорот на Државниот архив., м-р Христа Најданов и раководителката на Сектор, м-р Елисавета Марковиќ во Прага остварија први официјални средби и разговори со директорот на Националниот архив на Чешката Република, д-р Милан Војачек и со директорот на Одделот за архивистика, д-р Даниел Долежал.
,,На средбите со домаќините се разменија мислења и искуства на планот на истражувањето, заштитата на архивските документи и нa процесот на дигитализацијата нa историските материјали. Притоа е договорено во најскоро време да се потпише Меморандум за соработка, кој ќе овозможи унапредување на контактите и ќе биде можност за реализирање проекти во повеќе сфери од архивската дејност” – изјави директорот м-р Христа Најданов по средбите и разговорите со првите лица на Националниот архив на Чешката Република.
На средбите и разговорите во Прага, присуствуваше и нашиот Амбасадор, д-р Емил Крстески.