Раководителот на Одделението на Државниот архив – Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на VIII Меѓународна конференција на архивите во Елбасан, Република Албанија, која се одржа на 8 и 9 јуни 2024 г.
М-р Вулнет Исени на конференцијата настапи со свој труд, чија тема ги опфаќа ставовите на Сојузот на комунистите на Македонија во градот Куманово кон меѓуетничките односи и нивните гледишта кон т.н. „албански национализам и сепаратизам“ и задачите на комунистичкото здружување. За изработка на овој труд биле користени архивски фондови од Одделението на Државниот архив – Куманово.
Организатори на конференцијата беа Главната дирекција на архивите на Република Албанија и Државната агенција на архивите на Косово. Во рамки на посетата на градот Елбасан, раководителот Исени се сретна со раководителката на Околискиот архив на Елбасан.