IMG-2b0365d723b816b750d848ca63e9144a-V

Културен мост меѓу две пријателски држави

Денес во Истанбул, во Конгресниот центар на Генералната дирекција на Државните архиви при Претседателството на Република Турција свечено беше отворена изложбата, со наслов: Документи и фотографии за Македонија во Османлискиот период.

Оваа изложба е плод на традиционално добрата соработка на Државниот архив на Република Северна Македонија и Генералната дирекција на Државните архиви при Претседателството на Република Турција и истата ја отворија м-р Христа Најданов и проф. д-р Угур Унал.

Во двете државни архивски институции постои бројна архивска документација (пописни тефтери, сиџили, фермани, берати, вакафнами, имотно-правни документи и фотографии) кои сведочат за Македонија во времето на османлиското владеење (16 – 20 век). Изложбата се состои од 34 паноа, по 17 од секоја страна, а на нив има 136 фотографии и документи.

За време на отворањето на изложбата беше промовирана и публикацијата на Државниот архив, Османлиски документи за историјата на Македонија, пописи од првата половина на 19 век (1831/1833), за ромското христијанско, исламско и еврејско население, како и христијанското занаетчиско население во градот Скопје – Скопски санџак, Скопска каза, том 2, книга 2, од доц. д-р Аднан Шериф.

Настанот предизвика голем интерес и на истиот присуствуваше и конзулот на Република Северна Македонија во Република Турција, г. Идриз Фазлиоски.

Најнови објави