1000016850

Актуализирање на соработката со Исламската верска заедница

На 21 август 2024 година, во просториите на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Скопје, се одржа работен состанок, кој се одвиваше во пријатна и конструктивна атмосфера. На состанокот присуствуваа архивските професионалци Назмије Куртиш и Блерта Емини и реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху, г. Ирсал Јакупи, секретар на ИВЗ, г. Мумин Омеров, одговорен за архивата на ИВЗ.

Главна тема на состанокот беше можноста за соработка и зачувување на историските документи на ИВЗ. Учесниците на состанокот разменија информации за архивските материјали и книги, притоа претставниците на ИВЗ изразија големо задоволство за соработката со Државниот архив. Покрај тоа, разгледани се можностите за заеднички публикации и проекти, како и за создавање фонд за зачувување на материјалите.

Состанокот заврши со изразена благодарност од двете страни за посветеноста и соработката, која ќе придонесе за развој на институционалните односи и заштита на културното и историското наследство на ИВЗ.

Најнови објави