slika

Заеднички активности на ДАРСМ и ИВЗ во насока на зачувување на архивското наследство

Државниот архив на Република Северна Македонија и Исламската верска заедница, во просториите на ИВЗ на 3 септември 2024 г. одржаа состанок за нивната понатамошна соработка. На состанокот присуствуваа претставници од двете институции: директорката на Државниот архив д-р Наташа Котлар, државниот советник м-р Емилија Роп, раководителот на Сектор Светлана Успрцова, како и помлад соработник Назмије Куртиш и Блерта Емини, од страна на ИВЗ реис ул улема Шаќир еф. Фетаху, генералниот секретар Ирсал Јакупи, шеф на кабинет Абдулкерим Исени, директор на Халал Стандард Дритон Дикена и проф. д-р Омер Мумин.

Претставниците на Исламската верска заедница ги презентираа своите архивски материјали и важната работа што ја вршат во зачувувањето на верското и културното наследство. Двете страни изразија интерес за формирање заеднички фондови и дигитализација на архивските документи, нагласувајќи ја потребата за размена на материјали и продлабочување на соработката.

Директорката на Државниот архив,  д-р Наташа Котлар, ја изрази својата благодарност за топлото гостопримство и ја подвлече важноста на меѓусебната соработка. Реис ул улема Шаќир еф. Фетаху ја поддржа иницијативата на Државниот архив и нагласи дека ИВЗ е подготвена да развие понатамошна соработка за зачувување и промовирање на културното и верското наследство.

На крајот на посетата претставниците на Државниот архив ја посетија архивската единица на ИВЗ, каде што се запознаa со документите и материјалите што се чуваат таму, како и со начинот на работа.

all in pic 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...