5-

Посета на Државниот архив од учениците од ООУ „Раметула Амети“, о. Желино

    Државниот архив како општествено одговорна институција има место во наставните и ученички активности на основните и средните училишта со цел запознавање на учениците со професијата архивист.
       На 19 ноември 2024 година, група ученици од деветто одделение од ООУ „Раметула Амети“ с. Чифлик, Општина Желино, реализираа посета на Архивот во рамките на предметот Историја. Учениците имаа можност да се запознаат со постапките на средување и обработка на документите, начинот на користењето на документите од страна на истражувачите, како и со користењето на книгите во библиотеката.

6

    Посебно внимание беше посветено на техниките за лекување на документите во кои се вклучени хемиски процеси како и на нивното дигитализирање и заштита со помош на современи технологии. На крајот од посетата, учениците се сретнаа со заменик-директорот, м-р Димитар Богески, кому му поставуваа прашања во однос на архивската работа.
           Државниот архив ја користи архивската едукација на ученици како начин на афирмација на архивската дејност.

1
4

Најнови објави