Во посета на Државниот архив денес престојуваше директорот на Државниот архив на Црна Гора, Данило Мрваљевиќ, при што оствари работна средба со директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар- Трајкова. Двајцата разменија мислења околу потребата за продолжување на Меморандумот за соработка потпишан во 2021 г., и искуства околу подготовката на архивски кадри.
Мрваљевиќ и Котлар-Трајкова начелно договорија настани во Скопје и Цетиње во 2025 г., по повод Денот на државноста на Црна Гора и Денот на независноста на РС Македонија.
Двете институции се залагаат за промоција на македонската и црногорската историја, кои имаат заеднички текови во одредени периоди.