4

Државниот архив и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преземаат активности во интерес на корисниците на ПИО

Државниот архив и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во сферата на интересот на граѓаните ја прошируваат соработката и за таа цел вчера директорите д-р Наташа Котлар-Трајкова и Никола Мемов потпишаа Меморандум. Со него, всушност, се зацврстува и се проширува меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за корисниците на пензиското и инвалидското осигурување. Идните заеднички активности предвидуваат дигитализирање на документарниот материјал на Државниот архив кој содржи податоци за корисниците на пензиско и инвалидско осигурување од правни лица кои престанале да работат поради  стечај или ликвидација. И втората значајна новина е ажурирањето и внесувањето податоци кои се содржани во документарниот материјал, а се однесуваат на работниот стаж на корисниците на пензиско и инвалидско осигурување.

Двете институции одговорно пристапуваат кон решавање на долгогодишниот проблем преку меѓусебна координација, така што граѓаните ќе можат полесно да доаѓаат до сите достапни информации од работниот стаж.

3 4
1 3

Најнови објави