На денешен ден се навршуваат 153 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-1903), стратегот на Македонската револуционерна организација, историска личност која дала огромен придонес за кревање на слободарскиот дух на македонскиот народ во времето во кое живеел.
Во спомените на Димо Хаџи Димов пишува дека Гоце е „единствен меѓу водачите на македонското ослободително дело што се издигна над сите како по своите револуционерни сфаќања така и по својата практична работа за делото на организацијата со која засекогаш го сврза своето име“. Државниот архив даде придонес во континуитетот на негување на споменот на великанот со тоа што подготви тематска изложба во која беа претставени писма од Гоце Делчев.
На линкот подолу може да се прочитa писмoто од Гоце Делчев до Никола Зографов, со кое го известува за последиците од предавствата на Георги Иванов од Виница и Теодоси Киров Минев (Сарафот) од Кочани како и за мерките што треба да се преземат од неговите доверливи луѓе за ликвидирање на Георги, или за негово заплашување. Софија, 6 јуни 1899 г. :

