IMG_20250415_123131

Гимназијалци од СУГС „Панче Арсовски“ остварија едукативна посета на Архивот

Архивистите имаат креативна професија и понесуваат голема одговорност во однос на зачувување на националната меморија. Државниот архив претставувајќи ја архивистиката како професија пред учениците од средното образование, всушност, придонесува во кариерното определување на младите луѓе во иднина. Вчера, ученици од прва година од СУГС „Панче Арсовски“ од Скопје остварија едукативна посета на Архивот заедно со предметниот професор Спасе Блажевски.

            Во улога на архивски едукатор, архивистот Назмије Куртиш ги воведе учениците во значењето на документите како сведоштва за минатото наменети за сегашноста и иднината. Библиотекарот Лемка Рамаданова ги запозна учениците со книжниот фонд на архивската библиотека, постапката за користење на архивските материјали и книги. Документите како извор за историјата на Македонија во османлискиот период како тема беше презентирана од Мустафа Алиоски. Лекувањето, то ест заштитата на документите во Одделението за конзервација и реставрација на архивски материјал беше презентирано од Туљај Адеми како исклучително важен процес.

            Заменик-директорот м-р Димитар Богески ги прими учениците во неговиот кабинет при што остварија дискусија околу впечатоците за архивската дејност, и можноста да ја изберат архивистиката како идна професија. Во таа прилика, тој им порача дека се секогаш добредојдени во институцијата.

IMG 20250415 114234
IMG 20250415 121423
IMG 20250415 120720
IMG 20250415 122141

Најнови објави