Вчера, на 11 ноември 2025 година во НУ Музејот на македонската борба беше отворена изложбата „Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 – 1914“ на Државниот архив на Црна Гора. Организатор на настанот беше Државниот архив во соработка со амбасадата на Црна Гора во Скопје и со поддршка на Музејот на македонската борба за самостојност. На 35 паноа претставена е дипломатската мрежа на кнежевството, а подоцна и на кралството Црна Гора во повеќе држави во светот.
На настанот свое обраќање имаа директорот на Државниот архив, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, заменик-амбасадорот од амбасадата на Црна Гора, Велимир Шљиванчанин, директорот на Државниот архив на Црна Гора, Данило Мрваљевиќ, и еден од авторите на изложбата, м-р Вукота Вукотиќ. Изложбата ќе биде поставена до 23 ноември 2025 година и ќе може да ја погледнат сите заинтересирани.![]()
Претходно во Државниот архив, директорите на Државниот архив на РС Македонија и Државниот архив на Црна Гора потпишаа нов Договор за соработка меѓу двата архиви. Со Договорот се предвидува размена на експерти заради заеднички истражувања, размена на копии од објавени архивски документи, подготовка на заеднички публикации и други активности во интерес на архивската дејност. На работната средба претставниците на двата архиви дискутираа за низа остварливи проекти кои би можеле да се реализираат во периодот што следува






