1000016843

Работна средба на директорот Богески со директорот на Архивот во Истанбул

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со директорот на Државните архиви при Претседателството на Република Турција, проф. д-р Мухамед Ахмет Токдемир. На средбата беа разменети искуства за современите архивски практики, тековните предизвици и можностите за унапредување на билатералната соработка. Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата, конзервацијата и примената на нови технологии во обработката и заштитата на архивскиот материјал.

Претставниците од Државниот архив, имаа можност детално да ги разгледаат просториите на Архивот во Истанбул и да се запознаат со организацијата на работните процеси, специјализираните лаборатории, системите за дигитално управување со документи, како и со начинот на чување на архивскиот материјал. На средбата беше изразена заедничка подготвеност за нови проекти, размена на експертиза и продлабочување на партнерските односи.

1000016843

Најнови објави