Денес, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу Државниот архив и Општина Битола, со посебен акцент на потребата за меѓуинституционална соработка. Во тој контекст беше истакната улогата на Архивот како една од клучните институции кои го чуваат и штитат културно-историското богатство на градот и пошироко.
Посебно внимание беше посветено на архивските фондови од меѓународно значење, меѓу кои и фондовите поврзани со браќата Манаки, како значаен дел од културното и историското наследство на Битола и Република Македонија.
Двајцата соговорници ја истакнаа подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката, со цел создавање подобри услови за работа и соодветна заштита и презентација на архивското наследство.



