b6818396-8572-427b-9233-1b285aad097d

Онлајн состанок со Јад Вашем за унапредување на соработката и дигитализација на архивскиот материјал за Евреите од Македонија

По посетата на Одделението на Државниот архив во Битола од страна на амбасадорката на Израел, Н.Е. Вивиен Аисен, и изразената заложба за унапредување на соработката со релевантни институции во Израел, денес беше реализиран онлајн состанок на директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, со претставници на Јад Вашем – Центарот за сеќавање на Холокаустот со седиште во Ерусалим, на кој присуствуваше и амбасадорката. На состанокот беа разгледани повеќе можности за имплементација на Договорот за соработка со Јад Вашем, кој Државниот архив го потпиша на почетокот на 2023 година. Соработката ќе се реализира во насока на создавање единствена база на податоци и дигитализација на целокупниот архивски материјал за Евреите во Македонија, кој се чува во депоата на Државниот архив. Посебен акцент беше ставен на материјалите што се однесуваат на Евреите од Штип, Битола и Скопје, депортирани во логорот Треблинка во 1943 година.

Најнови објави