Директорот на Институтот за национална историја (ИНИ), д-р Митко Панов, оствари работна посета кај директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, јакнење на капацитетите на двете институции и реализација на заеднички проекти од заеднички интерес. Беше истакнат големиот потенцијал со кој располагаат ИНИ и Државниот архив, како и потребата тој максимално да се искористи во насока на научно-истражувачка работа, заштита на архивското наследство и негова поголема достапност до јавноста. Двете институции ја нагласија својата отвореност кон јавноста и подготвеноста за интензивна соработка преку конкретни иницијативи и проекти.
