Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, на 15.04.2026 година присуствуваше на свечената церемонија по повод доделувањето на орденот „Илинден 1903 година“.
Орденот постхумно му беше доделен на Анастас Коцарев од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како признание за неговиот исклучителен придонес во науката, но и за неговата посветеност и ангажман во афирмацијата на македонската кауза и борбата за правото на самоопределување на македонскиот народ.
