13- за насловна слика

Од Ат Пазар до Дрвен Пазар – изложба на фотографии во рамки на „Илинденски денови“

Вчера во Безистенот во Битола се одржа промоција на изложбата на стари фотографии со наслов „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар: калеидоскоп на едно минато време“. Изложбата, подготвена од тимот на Битолскиот архив (Душан Божиновски, Марија Дурлова, Димитар Ѓоргиевски, Христина Котеска Дријовска и Гоце Стојановски), беше реализирана во соработка со Центарот за култура – Битола, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.

Изложбата ја отворија директорот на Државниот архив на Република Македонија, м-р Димитар Богески, директорот на НУ Центар за култура – Битола, м-р Сашо Илковски, и раководителот на одделението во Битола, м-р Гоце Стојановски. Директорот Богески ја потсети јавноста на значењето и важноста од промоција на архивскиот материјал преку ваков тип на настани. Раководителот Стојановски се осврна на начинот на кој се роди идејата за оваа изложба, на значењето на битолските пазари во минатото и на потребата тие да бидат зачувани од заборав.

Изложбата е поставена на медиум од 10 висечки паноа изработени од церада, со принт од двете страни. Таа е замислена како повеќедимензионално искуство за допир со седум од битолските пазари преку локацијата (Безистенот), фотографиите и текстовите достапни преку QR-кодовите на паноата, кои ве водат до дигиталната изложба на веб-страницата на „Илинденски денови“ (https://ilindenskidenovi.com/mk/iz26/).

Прошетајте низ минатото, скенирајте ги QR-кодовите и откријте како пулсирал трговскиот и општествениот живот на градот низ децениите.

Postimet e fundit