Денеска, на Саемот на книгата, Државниот архив ја промовираше Монографијата “Државен архив – Столб на македонското битие” изработена по повод 75 години постоење.
Ова издание не е само хронологија на минатото, туку и сведоштво за континуитетот, силата и значењето на Архивот во националната културна меморија. Монографијата ја истакнува улогата на институцијата како чувар на историското наследство и како мост кон иднината – со јасна визија за дигитална трансформација и поголема достапност за јавноста.
Државниот архив им изразува искрена благодарност на колегите кои учествуваа во денешната презентација и со својата посветеност придонесоа ова издание да биде достојно претставено пред јавноста.



