Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес присуствуваше на свеченото доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година, кое се одржа во Собрание на Република Северна Македонија.
Ова високо државно признание се доделува за особени достигнувања од значење за науката, образованието и општествениот развој, носејќи го името на Гоце Делчев, една од најзначајните личности во македонската историја.
На наградените им упатуваме искрени честитки за нивната посветеност, труд и извонреден придонес, со желби за уште многу успеси и нови достигнувања во нивната работа.



