1000027340

Благодарница за државен архив од Кинотека на македонија

По повод значајниот јубилеј 50 години од постоењето на Кинотека на Македонија, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари средба со директорот на Кинотека на Македонија, Бошко Грујоски. На Државниот архив му беше врачена благодарница за исклучителниот придонес во развојот на дејноста за заштита и унапредување на аудиовизуелните добра, како значаен дел од културното и историското наследство.Искрени честитки до Кинотека на Македонија за овој значаен јубилеј, со желби за уште многу успеси, нови достигнувања и продолжување на благородната мисија во заштитата на македонското аудиовизуелно наследство.

Postimet e fundit